Зголемена довербата во трговијата на мало

Доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје од 2015 година е зголемена за 0,3 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1,1 процентен поен во однос на истото тримесечје од претходната година, оцениле раководителите на деловните субјекти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, економската состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје од 2015 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во однос на четвртото тримесечје од 2014 година. Се очекува дека ќе биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количината на залихите, пак, е зголемена во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2015 година е поповолна во однос на третото тримесечје, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека тие ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените е дека ќе биде зголемен.
Продажните цени во четвртото тримесечје од 2015 година се зголемиле во однос на претходното тримесечје, а очекувањата за продажните цени во наредните три месеци се дека ќе бидат намалени.
Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од минатата година имале слабата побарувачка на купувачите со 24,4 отсто, зголемена конкуренција со 16,4, зголемената понуда на пазарот со 14 и нема со 9,7 отсто.
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
