Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата

Во април годинава во однос на април лани реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3 проценти, а реално за 11.3 проценти, а во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 1.1 процент, а реално е зголемена за 5.2 проценту. Во Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.6 проценти, а реално за 9.3 проценти, а во Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 19.4 проценти, а номинално за 1.8 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
