Зголемен наталитетот во Неготино

За три години наталитетот во Неготино е зголемен за дваесет проценти, информираше денеска неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов.
Во просториите на општината, денеска тој додели сто ваучери за новороденчиња. По седум илјади денари на сите оние кои имаат новороденче, по 14 илјади денари за секое трето дете. Апостолов додели и 5 ваучери од по 30 илјади денари на машките лица кои стапуваат во брак по навршени 40 години.
Апостолов нагласи дека Неготино спаѓа во редот на градовите каде сериозно и се пријде на оваа проблематика и има успех во практикувањето на мерките за зголемување на наталитетот кои ги донесоа Владата но и Општината.
- Ние практикуваме неколку мерки за зголемување на наталитетот. Покрај владините, практикуваме и наши општински мерки. Денеска по трет пат ја практикуваме ова мерка. Во Општина Неготино од август 2013 година родени се вкупно 600 дечиња, рече тој.
Апостолов нагаласи дека со овие мерки кои даваат резултати, ќе се продолжи и понатаму.
Задоволство од мерките, пред медиумите изрази и неготинката Билјана Трајкова.
- Во иднина само препорачувам, да се отворат повеќе места во градинките бидејќи за да влезиме со децата овде чекаме ред, а имаме потреба од тоа бидејќи одиме на работа во смени. Инаку јас сега земав пари за второ дете. Мојот мотив е да го зголемам семејството, рече таа.
И Андов Милан потенцира дека за него оваа мерка е добредојдена.
- Мислам дека стимулацијата треба да продолжи да се практикува од локалната вчаст. Секоја парична помош е добредојдена и сметам дека ке биде поттик за неготинските ергени, нагласи тој.
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
