Зголемен интересот за згрижување деца без родители во Куманово
Се зголемува бројот на семејства кои сакаат да згрижат деца без родители и родителска грижа во Куманово. Според надлежните, ова се должи на националната кампања што ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.
Директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работа, Александра Арсовска истакна дека во текот на изминатиот период е намален бројот на деца сместени во големите институции и до крајот на годината се очекува сите да бидат сместени во згрижувачки семејства или мали групни домови. Како што посочи, потребно е заинтересираните згрижувачи да поднесат барања, да поминат обука и на тој начин да станат дел од системот на згрижувачи со цел во секој момент да има интервентно сместување.
- Заинтересираните треба да се полнолетни, да не им е одземена деловната способност, да се психо-физички здрави, да го имаат решено станбеното прашање. Приоритет не треба да биде материјалната добивка која семејството треба да ја добива, туку љубовта и желбата да се згрижи дете, додава Арсовска.
Директорката Арсовска изрази надеж дека во наредните години со одредени законски измени паричниот надомест кој го добивааат згрижувачите ќе биде зголемен.
Ново на Сител
-

Мицкоски во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Акција на МВР во УЈП Штип
-

Заменик министерот за правда: Лани 5.300 лица добиле примарна бесплатна правна помош
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
