-->
-->
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање
-->
Во септември годинава во земјава се евидентирани 134 829 туристи, од кои 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31.9 % се од домашните, а 68.1 % од странските туристи.
Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.2%, а кај странските има зголемување за 14.2%.
Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 8.8 %.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје