Зголемен бројот на работници во индустријата во првите осум месеци
Бројот на работниците во индустријата во август 2016 година, во однос на август лани бележи намалување за 1,1 проценти, додека во периодот јануари- август 2016 година, во однос на периодот јануари - август 2015 година, бележи раст од 0,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август бројот на работници бележи пораст од 1,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 1 процент, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 отсто, Капитални производи за 8,2 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајните производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска