Зголемен бројот на претставки за државјанствата до Народниот правобранител

Најголемиот дел од поднесените претставки до Народниот правобранител за проблемот со државјанствата, во текот на 2019 година се од граѓани од албанска националност. Во одговор за МИА, од канцеларијата на Омбудсманот во Скопје, информираат дека не е мал бројот и на оние кои при поднесувањето на претставките не се декларирале на која националност припаѓаат.
-Во текот на минатата година до канцеларијата на Народниот правобранител доставени се 70 претставки кои се однесуваат на областа граѓански состојби каде спаѓа и постапката за прием во државјанство. Од нив вкупно 22 поплаки се однесуваат токму на овој проблем-неможноста некој да се здобие со државјанство. Треба да се нагласи дека и во 2019 година проблемите кога станува збор за државјанскиот статус се исти – имено граѓаните се одбивани без притоа да се образложи причината, изјавија од Народниот правобранител.
За разлика од 2018 година, кога до канцеларијата на Народниот правобранител се поднесени 12 претставки за проблемот со државјанството, лани како што информираат од канцеларијата на Омбудсманот, имало зголемување на овој вид претставки (вкупно 22 ).
Ново на Сител
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
-

Тема на денот со Александар Камбовски, претседател на Судски совет
-

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД
-

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов
-

За еден ден 58 одземени дозволи
-

Камионџиите можеби ќе бидат изземени од новиот електронски систем за влез и излез од ЕУ
-

По завршување на огласот Владата ја продолжува постапката за избор на државен јавен обвинител
-

ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
