Зголемен бројот на пожари во Прилеп
Во Прилеп во последните два месеци е зголемен бројот на пожари, а главни причини за тоа се неисправни оџаци и палење стрништа, алармираат од прилепската противпожарна единица. Оттаму апелираат за поголема совесност и одговорност.
Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица, вели дека бројот на пожарите е зголемен за 40 насто во споредба со минатата година и месечно се околу 100, главно во урбаните средини на оџаци и поради палење стрништа.
– Годинава имаме драстично зголемување на бројот на пожарите и тоа за 40 насто повеќе од лани. Месечно се околу 100 пожари, а лани биле 70 до 80. Најголемиот број се во урбана средина, на оџаците бидејќи не се исчистени навремено. А во селата, се палат стрништа, посебно на ридовите и на шумски терени. Апелираме на поголема совесност и одговорност на граѓаните, вели Стојчески.
Од противпожарната единица посочуваат дека оџаците не се чистат навремено оваа зима, па има повеќе пожари. Од друга страна, пожарникарите имаат голем број непотребни интервенции, особено со палењето стрништа кога се доведуваат во ризична состојба.
-Сите домаќинства кои користат огревно дрво, да вршат контрола на исправноста на оџаците и редовно да ги чистат. Исто така, да се исклучуваат електричните апарати при напуштање на просториите. Од друга страна, во атарите на селата, да се внимава, да не се палат стрништа и треви. Доколку тоа се прави, да биде на одговорност на самите извршители. Правиме непотребни интервенции и сме изложени на непотребен ризик, а се уништуваат и опремата и камионите, вели Стојчески.
Нема изречени казни за неодговорно однесување и предизвикување пожар. Апелот е токму поради тоа: да се подигне свеста и одговорноста кај луѓето за да нема казнени политики, велат од противпожарната единица.
Противпожарната единица во Прилеп моментално брои 42 вработени и на располагање се седум возила. Според нормите,општина Прилеп треба да има барем 65 пожарникари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид

