Зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција, половина се туристи
Во изминатите 24 часа зголемен е бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во Грција, а според податоците од Националната организација за јавно здравје регистрирани се 50 нови случаи, од кои 24 се од тестовите спроведени на влезните точки во земјата, односно на туристите.
Според грчките медиуми, од останатите 26 случаи, три се исто така туристи, но кои своеволно се тестирале во Грција, седум се во поширокиот регион на Атина, по шест во Солун и Ксанти, два се во Кавала и по еден на Халкидики и во Родопи.
Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 3.672 случаи на Ковид-19, а починаа 193 лица.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите истакна дека „увезените случаи претставуваат опасност, но не се главната опасност”, посочувајќи дека „главната опасност е во внатрешноста на земјата и произлегува од опуштеноста на граѓаните, која што е видлива и кристално јасна „во сите аспекти на економската и општествената активност”.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти