Зголемен бројот на говеда, свињи и кози, намален на овци и живина
Зголемен е бројот на говеда, свињи и кози, а намален на овци и живина, соопшти Државниот завод за статистика.
Лани во споредба со 2014 година, вкупниот број на говеда е зголемен за 4,9 отсто, кај индивидуалните земјоделски стопанства за 4,8, а кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) за седум проценти.
Бројот на свињите кај деловните субјекти е зголемен за 52,9 отсто, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е за 7,6. Бројот на козите, пак, кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 8,1 процент, а кај деловните субјекти за 18,1.
Намалување на бројот на овци е забележано во двата сектора - кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0,7 отсто, а кај деловните субјекти за 5,8.
Бројот на живината во 2015 година во споредба со 2014-та е намален за 9,2 отсто.
Ново на Сител
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти