Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, пад во однос на претходната недела

Во текот на 43. недела од 2025 година - од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани 56 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
-За споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица - зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 сезони, се регистрира намалување од 10,5 отсто, појаснија од ИЈЗ.
Заболените лица оваа недела биле регистрирани во Гостивар - 20, Куманово - 15, Прилеп - 7, Тетово и Радовиш - по 5, Струмица и Македонски Брод - по 2, според податоците на ИЈЗ.
-Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 48 лица, лица над 65 години - 5, од 5-14 години - 2 лица и од 0-4 години - едно лице. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22,03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, потенцираа од ИЈЗ.
Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 244, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи бил зголемен за 64,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирало зголемување од 21,9 отсто.
Од ИЈЗ потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи - согласно препораките на СЗО: постарите лица - над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници.
-Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 31.289 лица од ризичните категории на населението со бесплатни вакцини, додадоа од ИЈЗ.
МИА
Ново на Сител
-

31 питомци и 28 слушатели на курсот за офицери дадоа свечена заклетва
-

Мајка го претепала 6-месечното бебе кое е хоспитализирано на Детска клиника
-

Мечка нападна човек во Долнени
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: Акцијата за чистење на Скопје е успешна, собрани 4.500 тони смет
-

31 питомец и 28 слушатели од курсот за офицери и штабни службеници дадоа свечена заклетва во Воената академија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
