Зголемен број на деца со респираторни инфекции во Куманово, дневно по околу 80 прегледи

Во изминатата недела е забележано значително зголемување на бројот на деца со респираторни инфекции на детското одделение во Општата болница во Куманово. Лекарите информираат дека дневно се извршуваат околу 80 прегледи, што претставува дополнителен притисок врз педијатриските служби.
Началничката на одделението, д-р Маргица Арсовска, посочува дека обемот на работа не е намален уште од септември, но дека во последните денови има нагло зголемување на бројот на пациенти.
- Од пред една недела ни е зголемен обемот на работа. Се јавуваат деца со респираторни инфекции, а имаме и хоспитализирани деца- изјави Арсовска.
Таа појаснува дека најголем дел од децата првично се третираат кај матичните лекари, но во болничките установи доаѓаат со посериозни компликации.
- Кај нас доаѓаат деца со опструктивни состојби, пневмонии, вклучително и искомплицирани вирусни пневмонии. Изолираме и бактерии-вели педијатарката.
Дополнително, со доаѓањето на пролетта започнува и сезоната на алергии, што дополнително ја отежнува здравствената состојба кај дел од децата.
- Сега е почеток на пролетните алергии – алергиски риносинусити и опструктивни бронхити, особено кај деца со астма- посочува Арсовска.
Таа препорачува родителите да обрнат внимание на превентивната терапија и контролата на средината во која престојуваат децата.
- Децата со алергии треба редовно да ја примаат препишаната терапија. Се препорачува да не излегуваат наутро кога концентрацијата на полен е највисока, а во домашни услови да се одржува хигиена и да се намали изложеноста на прашина-додава таа.
Според Арсовска, текот на алергиските заболувања и астмата е индивидуален и зависи од повеќе фактори, вклучително и имунолошкиот систем и генетската предиспозиција.
- Кај некои деца симптомите се повлекуваат со возраста, но кај други може повторно да се појават подоцна во животот, вели таа.
МИА
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
