-->
-->
Зголемен број интервенции регистрира кумановската Итна помош
-->

Службата за итна помош Куманово регистрира за 10 до 15 проценти зголемен број интервенции, откако температурите се искачија над 30-тиот степен, информираа денеска лекарите од оваа здравствена установа. Најчесто помош бараат хронично болните лица.
- Често ни се јавуваат пациенти кои имаат симптоми зголемен крвен притисок, повраќање и гадење, изјави доктор Дејан Димчевски од Итна Помош, Куманово.
Лекарите ги советуваат хронично болните пациенти редовно да ја земаат пропишаната терапија, да не излегуваат на сонце во периодот од 10-17 часот, доколку излегуваат да носат лесна и светла облека и да внесуваат течности.
Во овој период често се јавуваат и пациенти кои бараат помош и за цревни заболувања.
- Најчесто станува збор за деца, но заболуваат и повозрасни лица. Симптомите се дијареа, општа малаксаност, гадење, повраќање, вртоглавица и главоболки, вели доктор Димчевски.
Високото ниво на лична хигиена, обилно миење на овошјето и зеленчукот, правилно чување на храната се превентивните мерки за заштита од ова заболувања, велат лекарите од Итна Помош, Куманово. Што се однесува до лицата кои патуваат на одмор, лекарите од Итна Помош посочуваат дека граѓаните треба со себе да носат вода и овошје и за време на патувањето да избегнуваат да јадат брза храна и слатки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
