Фудбал
27. October 2016 - 13:07

Земјотресот прекина фудбалски меч во Италија

Силниот земјотрес што ја зафати Италија го стресе и стадионот на Пескара каде се играше првенствен меч од Серија А. 

Пескара загуби со 0-1 а мечот беше во прекин неколку минути откако гледачите и навивачите ги зафати паника по силното тресење на Централна Италија.

Земјотресот створи  паника на трибините, а гледачите почнаа да ги напуштаат своите места. Судијата на средбата реагираше и го прекина мечот на извесно време. Сепак, глетката беше застрашувачка, особено во делот каде што се навивачите, кои реагираа панично.
 
Инаку, стадионот „Адријатико“ на кој се играше натпреварот се наоѓа во близина на епицентарот, па затоа и се почувствува толку силно.
 
- Во тие моменти ние не бевме воопшто свесни дека земјата се поместуваше. Сепак, кога слушнавме врескање на трибините сè ни беше сосема јасно - изјави после средбата дефанзивецот на Пескара, Хуго Кампањаро.
 
Играчот на Атланта, Матија Калдара, пак, исто така опиша што се случуваше за време на средбата.
 
- Ние на теренот не почувствувавме ништо, но играчите ми рекоа дека клупата со резервни играчи се тресела -
https://