Балкан
19. September 2018 - 18:07

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Дебар и Струга

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер регистриран е пополденво во 17:10 часот во Албанија.

Потресот бил на длабочина од два километра, а епицентарот е на шест километри од градот Елбасан.

Потресот е почувствуван во Тирана, Прењас, Либраж и други делови на централна Албанија.

Освен вознемиреност кај граѓаните нема информации за материјална штета.

Поради близината земјотресот со послаб интензитет е почувствуван во  Дебар и Струга.

Инаку, во изминатото деноноќи ова е петти потрес регистриран во  Албанија. Претходните четири земјотреси се со јачина од 2 до 3,1 степени според Рихтер и со епицентар во блицина на Тирана, Саранда, Драч и Бурел.

За два и пол месеци од првиот потрес, кој беше регистриран во близина на Драч до сега на територијата на оваа земја регистрирани се над илјада потреси