Македонија
16. November 2021 - 19:07

Земјотрес почувствуван во Кичево

Земјотрес со јачина од 3,50 степени според Рихтеровата скала пред неколку моменти ја потресе Македонија. Земјотресот бил силно почуствуван во Кичево, со оглед дека се случил на 4 километри југозападно од градот на длабочина од два километри.

Според податоците од ЕМСЦ, потресите се случиле во 18:36 часот, со епицентар од 97 километри и длабочина од 2,0 километри.