Македонија
29. July 2019 - 21:44

Земјотрес почувствуван во Гевгелија

Земјоттрес во Грција почувствуван во Гевгелија.

- Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,  вечерва во 20 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чии епицентар се наоѓа на 200 km југоисточно од Скопје и потекнува соседна Р. Грција. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.8, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, стои во соопштението на сеизмолошката станица.ж