Земјотрес од 5,1 степен по Рихтер во Индонезија, четири лица загинаа

Земјотрес ја погоди најисточната индонезиска провинција Папуа при што загинаа четири лица кои не можеле да побегнат од пловечки ресторан откако тој се превртел во морето.
Американскиот Национален геолошки институт соопшти дека земјотресот со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ги погодил станбените области во градот Џајапура, во близина на источниот брег на Папуа, а неговиот епицентар бил на длабочина од 22 километри.
Нуркачите го пребарале просторот околу местото каде загинале четирите лица. Оштетени се и куќи, згради и медицински установи.
Серија силни земјотреси ја потресуваат Папуа од јануари. Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика соопшти дека од 2 јануари досега имало 1.079 земјотреси во градот Џајапура и неговата околина, а 132 од нив биле доволно силни за да ги почувствуваат жителите.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
