Земјоделско земјиште се нуди под закуп во Куманово, Младо Нагоричане и Љубодраг

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство ги повикаа заинтересираните лица да учествуваат на јавниот оглас за давање под закуп на земјоделско земјите во државна сопственост за површини над три хектари по пат на електронско јавно наддавање. Во кумановско на оглас се нуди земјиште во Куманово со површина од 12 хектари, 62 ари и 55 метри кавратни, во село Љубодраг 26 хектари, 84 ари и 82 метри кавдратни и во Младо Нагоричане површина од осум хектари, 61 ари и 86 метри квадратни.
–За подетални информации понудувачите ( правните и физичките) можат да се обратат во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство ПЕ Куманово и на веб страната на Министерството и тоа:www.mzsv.gov.mk-
Владата на Република Македонија, Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари. Површината за која еден понудувач самостојно со геодатски елаборат да може да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една или повеќе катастарски парцели) изнесува најмногу до три хектари. Понудата се доставува за земјоделско земјиште на кое нема подигнато долгогодишни насади и во кое во катастарот на недвижности е запишано со катастарска класа четири, пет, шест, седум и осум. За подетални информации правните и физичките лица можат да се обратат во Министерство за земјоделство шумарство,и водостопанство Подрачна Единица Куманово и на веб страната на Министерството :www.mzsv.gov.mk.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
