Земјоделците од Богданци на Меѓународниот саем за земјоделство во Солун
Седум претставници од земјоделската задруга „Агро Богданци“ и индивидуални земјоделци го посетија Меѓународниот саем за земјоделство во Солун. Посетата ја организираше општина Богданци во рамки на годинашнава програма за локален економски развој.
- Целта на посетата беше земјоделците да се информираат за новините во земјоделската механизација и новите технологии на производство кои ја зголемуваат продуктивноста на земјоделското стопанство, рече Марјан Пеев од Одделението за локален економски развој на општина Богданци.
Пеев информира дека активностите за локален економки развој на општина Богданци во 2016 година предвидуваат посети на уште пет саеми од областа на земјоделството, медицината и градежништвото.
Земјоделците, како што истакна, ги посетија 17-те саемски хали за техника и опрема, механизација, градинарство, лозарство, овоштарство, пчеларство, винарство и преработка и се запознаа со актуелните новитети во земјоделството.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување