Loading Video...
Балкан
17. August 2020 - 16:59

Земјите од регионот се подготвуваат за стартот на учебната година

Во Грција учениците ке тргнат на училиште во септември. Ова е одлучено и покрај  тоа што бројот на заболени е зголем за трипати од почетокот на август. Властите се бескомпромисни за почетокот.

- Што и да се случи ,факт е дека на седми септември училиштата ке почнат со работа. Одлуката ја донесовме  веднаш по консултацијата со експерите, изјави заменикот министер за образование Василис Дигилакис. 

Новата школска година  ке се одвива под посебни протоколи, социјална дистанца и одржување хигиена. Од грчкиот кризен тим посочуваат дека тоа најверојатно ке значи носење маски за деца почнувајки од  9 годишна возраст. На маса е и препораката за ротирање на наставниот кадар, но тоа ќе се утврдува во тек на наредниве денови. 

Во Србија каде бројот на заболени се намалува, од министерството за образование велат дека моделот на образование ќе зависи од менувањето на епидемилошката состојба. Се преферира физичко присуство на децата во училиштата, но доколку се влоши ситуацијата можна е и онлајн настава. Ученците би требало да се делат по групи за да има помал контакт и социјална дистанца.

И во Хрватска, струката бара редовна настава со присуство на учениците, но не се исклучува и мешовита или онлајн настава ако биде потребно. Учебната година ке започне од 7-ми септември. И таму се чека епидемилозите да ги утврдат протоколите.

На Косово исто така се разгледуваат неколку сценарија за настава, а во Албанија училиштата треба да се отворат во септември, но оваа одлука е донсена во јуни кога бројот на заболени се уште беше низок, а статистиката во мегувреме драстично е влошена, поради што е можно одлуката да биде ревидирана.