Земјите на ЕУ ги отвораат своите граници

Со попуштањето на мерките воведени поради пандемијата на коронавирисот, земјите на ЕУ почнуваат да ги отвораат своите граници, па многумина се прашуваат каде ќе може да одат на одмор.
Грчките граници ќе се отворат на 15-ти јуни, но само за граѓаните кои доаѓаат од Германија, Израел, Кипар, балканските и балтичките држави. На туристите ќе им биде дозволено да влезат во Грција без негативен тест од Ковид-19 или задолжителен карантин кога меѓународните летови повторно ќе се вратат на 1-ви јули.
Бугарија најавила отворање на границите со Србија и Грција од 1-ви јуни.
Хрватска повторно ја отворила својата граница со Словенија кон средината на мај, а на 29-ти мај во Хрватска ќе смеат да патуваат и државјаните на Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка.
Унгарија ја отворила границата со Романија, а од среда ги отвора и границите со Чешка и Словачка, но со ограничувања.
Италија планира повторно да ги отвори своите граници на 3-ти јуни за граѓаните на ЕУ, Велика Британија, Шенгенскиот простор, Андора и Монако.
Шпанија повторно ќе ги отвори границите за туристи на 1-ви јули.
Француските граници остануваат затворени најмалку до 15-ти јуни, освен за граѓаните на ЕУ кои имаат престојувалиште во Франција, сезонските работници и граѓаните на ЕУ кои работат во Франција.
Границите на Велика Британија моментално се отворени. Од 8-ми јуни посетителите од странство ќе бидат во карантин во траење од 14 дена.
Австрија планира во целост да ја отвори својата граница со Германија на 15-ти јуни.
Чешка на 26-ти мај ги отворила границите со Германија и Австрија, а од 27 мај со Словачка и Унгарија, но со ограничувања.
Холандските граници се отворени за оние кои патуваат внатре во шенгенскиот простор, но се советува избегнување на сите патувања кои не се неопходни. Белгиските граници остануваат затворени.
Ново на Сител
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
-

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
-

МВР спречи трагедија, малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
