Земјава го презема претседавањето со ЦЕФТА, презентација на приоритетите

Република Македонија годинава ќе претседава со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Денеска амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе ги презентираат приоритетите за 2021 година за ЦЕФТА под претседателство на земјава.
Преземањето на водството во спроведување на приоритетните активности се планира да се изврши преку спроведување на Акцискиот план на Заедничкиот регионален пазар (ЗРП) 2021-2024, усвоен за време на Самитот во Софија во ноември 2020 година и поддржан од Европската комисија.
Клучните цели на претседателството на Македонија се поддршка на економското закрепнување по кризата со КОВИД-19, привлекување на инвестиции и зголемена трговија во регионот и подобар просперитет на граѓаните во Западен Балкан. Ова ќе се постигне преку олеснување на трговијата со стоки и услуги и создавање на регион без мерки и пречки што ја попречуваат трговијата.
Овој процес се надоврзува на регионалната економска област иницирана во рамките на Берлинскиот процес и е составен дел од Економскиот инвестициски план (ЕИП) на Европската Унија за Западен Балкан. ЕИП става силен акцент на градење на заеднички регионален пазар како начин за зголемување на конкурентноста на Западен Балкан. Заедничкиот регионален пазар претставува чекор поблиску до потесното интегрирање на Западен Балкан со единствениот пазар на Европската Унија уште пред формалното пристапување.
Ново на Сител
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
