Земан: Во Чешка произведен и тестиран нервниот агенс „Новичок“
Чешката војска го развила и тестирала нервниот агенс „Новичок“, изјави претседателот на таа земја Милош Земан.
Тој својата изјава ја темели врз основа на извештај на воено-разузнавачка агенција. Од друга страна, според извештајот на цивилната Безбедносно-информативна служба, не станувало збор за „Новичок“.
Земан го цитираше извештајот на Безбедносно-информативната служба, во кој се наведува дека во ноември минатата година во воено-истражувачкиот институт при Министерството за одбрана бил тестиран нервен отров познат како А230, како и дека количеството на тој отров било релативно мало и оти после тестирањето тој бил уништен. Тие велат дека не станувало збор за „Новичок“.
Сепак, Земан го презентираше и мислењето на воено-разузнавачката служба, која според него, е подобро запознаена со информациите за производство на „Новичок“.
Тој изјави дека негов заклучок е дека во Чешка е произведен и тестиран „Новичок“, макар и во мали количини и потоа е уништен.
- Ние знаеме каде и кога тоа се случило и лицемерно е да се правиме дека такво нешто не се случило, изјави тој.
Претходно, руски официјални лица изјавија дека нервниот агенс кој беше искористен при обидот за убиство во Солсбери на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, можно е да дошол од Чешка, Шведска или Словачка.
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто