Земан стави вето на законот за спречување судир на интереси
Чешкиот претседател Милош Земан стави вето на Предлог-законот со кој се предвидуваат измени на Законот за спречување на судир на интереси, т.н. „Лекс Бабиш“, информираше на Твитер неговиот портпарол Јиржи Овчачек.
Според Земан, прописот не е во согласност со чешкиот уставен поредок и меѓународните договори и се меша во слободата на поединецот и неговите основни права.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, предлог-законот, наречен „Лекс Бабиш“, предизвика расправа во јавноста, во која беше вклучен и актуелниот министер за финансии Андреј Бабиш, кој со новите измени ќе ја изгуби можноста да аплицира за субвенции, јавни набавки и поволности за инвестирање во компанијата која ја поседува.
Неговата партија АНО, која е во владината коалиција остро ги критикуваше амандманите, оценувајќи ги како спротивни на европските правила за заедничка земјоделска политика, а предложени со единствена цел да му се наштети на политичкиот конкурент пред локалните избори идната година.
За Измените повторно ќе расправаат чешките пратеници и доколку го изгласаат, претседателот нема право на вето.
Ново на Сител
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот