Земан ги повика коалициските партии да ја зачуваат Владата до избори
Чешкиот претседател Милош Земан, во врска со спорот за промени во структурата на полицијата ја повика коалициската влада да се задржи на власт до парламентарните избори следната година, јави дописникот на МИА од Прага.
Според портпаролот на Земан, Јиржи Овчачек, во врска со реорганизацијата на полицијата, каде се планира и обновување на финансиската полиција, Земан разговарал со министерот за внатрешни работи Милан Хованец и министерот за финансии Андреј Бабиш и во улога на ,,модератор" ќе се обиде да ја смири политичката сцена.
- Претседателот, го повика Андреј Бабиш, движењето АНО да не ја напушта владината коалиција затоа што тоа би довело до политичка нестабилнист. Сите коалициски партии би требало да почекаат на изборите во 2017 година, рече Овчачек.
Премиерот Бохуслав Соботка, на барање на директорот на полицијата Томаш Тухи синоќа одржа седница на Советот за безбедност на која се разговараше за реорганизацијата. Министерот Хованец, повтори дека измените во полицијата не треба да бидат политизирани.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата