Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ја гледа Турција како партнер во безбедносните гаранции за Украина и додаде дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија меѓу двете земји.
Тој вчера во Киев се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим Јумакли и со нив разговараше за билатералните односи, соработката во производството на беспилотни летала, како и за учеството на турски компании во обновата на Украина.
- Важно е турските компании да се поприсутни во Украина. Нашата земја го цени тоа, како и поддршката и помошта од Турција, особено снабдувањето со беспилотни летала Бајрактар, рече Зеленски.
Тој посочи дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија со Анкара за време на претстојната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Украина.
Зеленски не прецизираше кога ќе биде посетата.
По средбата, министерот Болат напиша дека на средбата со Зеленски присуствувале претставници на повеќе од 20 турски градежни компании, како и претставници на украинскиот државен и приватниот сектор кои ќе бидат вклучени во реконструкцијата.
Ново на Сител
-
Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО
-
Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци