Зеленски: Во интерес на Русија е да се разгори војна на Блискиот Исток
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во своето дневно видео-обраќање изјави дека во интерес на Русија е да разгори војна на Блискиот Исток за да го ослабне глобалното единство.
– Врз основа на достапни информации – многу веродостојни информации – во интерес на Русија е да разгори војна на Блискиот Исток за да создаде нов извор на болка и страдање што ќе го ослабне глобалното единство, ќе посее поделба и ќе и помогне на Москва да ја поткопа слободата во Европа, рече Зеленски.
Украинскиот претседател истакна дека руските пропагандисти се „веселат“ поради настаните и дека Иран, кој го опиша како сојузник на Москва, отворено ги поддржува оние кои го нападнаа Израел.
– Сето ова претставува многу поголема закана отколку што светот во моментов може да замисли, рече Зеленски. – И знаеме како да се справиме со оваа закана. Ги подготвуваме неопходните мерки.
Најважно е дека се залагаме за максимално глобално единство“, додаде украинскиот претседател.
Зеленски во вчерашниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Украина е „солидарна со Израел, кој е предмет на бесрамен и голем напад“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
