Зеленски вети дека ќе го консолидира одговорот на светот кон секој што и помага на Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека ќе консолидира силен глобален одговор на која било сила што ги помага руските воени напори и го поттикнува или продолжува конфликтот меѓу Киев и Москва.
– Сакам да им кажам на сите во светот кои сè уште сакаат некако да му помогнат на (рускиот претседател Владимир) Путин: Ќе направиме се не само да ја одбраниме нашата земја и народ, туку вистински да го консолидираме светот за силни одговори на поттикнување на војната или какви било обиди за нејзино продолжување, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
Германија, Франција и Велика Британија вчера соопштија дека воведуваат нови санкции против Иран поради наводна продажба на балистички ракети на Русија.
– Франција, Германија и Велика Британија силно го осудуваат извозот на Иран и руската набавка на ирански балистички ракети, се вели во заедничката изјава на трите земји.
– Тоа е натамошна ескалација на воената поддршка на Иран за руската воена агресија против Украина и ќе доведе до тоа иранските ракети да стигнат до европска територија, зголемувајќи го страдањето на украинскиот народ.
Оваа ескалација на Иран и Русија е директна закана за европската безбедност. Ќе преземеме итни чекори за раскинување на билатералните договори со Иран за воздушните услуги, се вели во изјавата.
На заедничката прес-конференција со неговиот британски колега Дејвид Лами вчера во Лондон, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД го предупредиле Иран дека снабдувањето на Русија со такво оружје ќе биде „драматична ескалација“.
Блинкен најави нови американски санкции против Иран поради тоа и рече дека очекува американските сојузници и партнери да преземат свои мерки.
Иранските ракети имаат максимален домет од околу 120 километри и ќе и овозможат на Русија да го користи сопствениот арсенал за да гаѓа цели подалеку од линијата на фронтот, рече Блинкен.
– Овие случувања и зајакнувањето на соработката меѓу Русија и Иран ја загрозуваат европската безбедност и докажуваат дека дестабилизирачкото влијание на Иран има многу поширок дострел од Блискиот Исток, рече Блинкен.
За возврат, Русија наводно му ја дава на Иран технологијата што ја сака. Киев го повика на разговор амбасадорот на Иран по извештаите во медиумите за испорака на проектили.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, ги негираше наводите.
Тој рече дека е жално што „некои страни кои и самите се дел од војната“ упатуваат обвинувања против Исламската Република Иран за политички цели. Познато е дека Иран претходно и дал на Русија т.
н дронови камикази, иако Техеран тоа го негира. Блинкен го посети Лондон за да разговара за зајакнување на соработката.
Британскиот премиер Кир Стармер треба да го посети Вашингтон на крајот на неделата.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели