Зеленски вечерва пристигнува во Тирана

Во следните два дена Тирана ќе биде домаќин на дводневнот самит Украина-Југоисточна Европа.
Првиот ќе се одржи утре, на 28 февруари, кога за првпат во земјата ќе се организира самит посветен на Украина, на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вечер треба да пристигне во албанскиот главен град.
Вториот ден од самитот, на 29 февруари ќе биде посветен на планот за економски раст на регионот, забрзување на реформите и вложување инвестиции кои можат да го унапредат процесот на проширување на Европската унија со овие земји. На оваа средба ќе присуствува и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.
- Претставник на Косово ќе биде претседателката Вјоса Османи, која за Еуроњуз го потврди своето присуство во Тирана за време на двата дена на самитот. Од Србија ќе присуствува претседателот Александер Вучиќ. На самитот за Украина преку видео порака ќе се обрати и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додава телевизијата.
Според истиот извор, центар на случувањата ќе биде Конгресната палата, место каде сите лидери прво ќе ги пречека премиерот Еди Рама, потоа на ред ќе дојдат седниците кои ќе будат затворени за јавноста, а на крајот на денот се очекува да има конференција за медиумите.
Поради самитот и посетата на Зеленски, безбедносните мерки во Тирана подигнати се на највисоко ниво. Директорот на Одделот за јавен ред и безбедност, Ребани Јаупи, денеска информираше дека мерките ќе почне да се спроведуваат од денеска, за што ќе бидат ангажирани над 1600 полициски сили од сите структури, потоа единицата за брзо распоредување, специјалната единица „РЕНЕА“, националната гарда и други структури.
Според него на меѓународниот аеродром во Тирана веќе се припадниците на секторот за антитероризам, припадници на тајната служба, ШИШ и РЕНЕА за да ја проверат безбедноста на аеродромот.
Ново на Сител
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
-

Почина нобеловецот Вотсон, еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
