Зеленски: Украина сака мир „што е можно поскоро“
Украина сака мир „што е можно поскоро“, истакна денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерно видео обраќање пред средбата со американски претставници идната недела и поради критиките од Вашингтон дека не сака да преговара за мировен договор со Русија.
Во текот на денот имаше многу интензивна работа на различни нивоа со тимот на (американскиот претседател Доналд) Трамп, со голем број разговори. Темата е јасна: мир што е можно поскоро, рече украинскиот претседател.
Претходно Трамп изјави дека му било полесно да преговара со Русија отколку со Украина.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, пак, објави дека имал „конструктивен разговор“ по телефон со американскиот државен секретар Марко Рубио, со кого разговарале за претстојната средба меѓу делегациите на двете земји следната недела во Саудиска Арабија.
Украина сака војната да заврши, а американското раководство е суштински фактор за постигнување траен мир. Разговаравме и за начините за развој на нашата билатерална соработка, напиша Сибиха во „Икс“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур
-
Преглед на вестите од светот