-->
-->
Зеленски: Украина не е перница меѓу Западот и Русија, таа е идна членка на ЕУ
-->
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод синоќешното доделување на кандидатскиот статус на неговата земја за членство во ЕУ, денеска изјави дека Украина во иднина ќе стане членка на ЕУ и дека тоа сега е фиксирано на официјално ниво.
Добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ Зеленски во видео порака го нарече „точка од која нема враќање“, соопшти неговата прес-служба.
-Денеска е признато: Украина не е мост, не е перница меѓу Западот и Русија, не е тампон меѓу Европа и Азија, не е сфера на влијание, не е сива зона, не е транзитна територија. Таа не е граница меѓу орките и џуџињата. Украина е иден рамноправен партнер со најмалку 27 земји од ЕУ, изјави Зеленски, пренесен од украинските медуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра