Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
Украинската делегација која учествува во преговорите со САД во Саудиска Арабија е максимално конструктивна и разговорите се корисни, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Нашиот тим работи на најконструктивен можен начин. Разговорите се доста корисни, работата на делегациите продолжува. Но, без оглед на тоа што ќе им кажеме на нашите партнери денес, мораме да го натераме (Владимир) Путин да даде вистинска наредба за запирање на ударите. Оној што ја започна оваа војна мора и да ја прекине, рече Зеленски во телевизиска изјава.
Разговорите меѓу претставниците на САД и на Украина започнаа денеска во Ријад, а агендата вклучува предлози за заштита на енергетските капацитети и критичната инфраструктура.
По денешните разговори меѓу американските и украинските претставници во Саудиска Арабија, ќе следи средба меѓу делегациите на САД и на Русија.
Разговорите на американските претставници со делeгациите на Украина и на Русија продолжуваат утре.
Се очекува фокусот во Ријад да биде ставен на предлогот на САД за заштита на пловидбата во Црното Море со спроведување на ограничен поморски прекин на огнот.
Украинската делегација во Ријад ја предводат министерот за одбрана Умеров и заменик-шефот на претседателскиот кабинет Павло Палис.
Во руската делегација, пак, се Григориј Карасин, поранешен дипломат и актуелен претседател на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација и Сергеј Бесед, советник на директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Не е предвидена директна комуникација меѓу делегациите на Украина и на Русија.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот