Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
Украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера следната недела да претстави план од 10 точки за обезбедување внатрешна безбедност, кој, меѓу другите прашања, се однесува на снабдувањето со енергија и производството на оружје, јави ДПА.
Ова го соопшти Зеленски во своето вечерно видео обраќање:
- Продолжуваме да работиме на нашиот внатрешен план за отпорност – се што е потребно за да се осигураме дека Украина е силна.
Денес се осврнавме на неколку точки, вклучувајќи го и културниот суверенитет, кој го опфаќа културното наследство на Украина, модерната култура и културната дипломатија, производството на украински содржини и за оваа цел – промовирање на вистинско и ефективно единство во културната заедница на Украина, рече Зеленски.
Според претседателот, ова е елемент за гарантирање на врските на Украина со глобалниот свет.
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец