Зеленски: Секаков компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека секаков компромис меѓу Украина и Русија во врска со контролата врз нејзините источни региони мора да биде „праведен“ и потврден на „избори“ или „референдум“.
-Верувам дека на тоа прашање одговор ќе даде украинскиот народ. Било преку избори или референдум, тоа мора да биде став кој произлегол од украинскиот народ, рече Зеленски одговарајќи на новинарско прашање за постигнување договор со Москва.
Украинскиот претседател потврди дека САД му предложиле на Киев да се повлече од областа што сè уште ја контролира во регионот Доњецк и да создаде „слободна економска“ и демилитаризирана зона на тоа место, без присуство на руски сили.
Зеленски рече дека американската страна сè уште „не знае“ кој би управувал со таа демилитаризирана зона.
Тој додаде дека Вашингтон предлага повлекување на руската војска од украинските региони Суми, Харков и Дњепропетровск, но и нивно останување во регионите Херсон и Запорожје.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
-

Служба за Брза помош од внатрешноста без основни лекови - Двајца директори на клиники незаконски си зголемиле плати
