Зеленски се сретна со Рама и Абазовиќ во Киев, Ковачевски се приклучи преку видео-врска

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во Киев се сретна со премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, а на средбата преку видео врска се приклучи и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски.
Тројцата лидери на земјите од Западен Балкан, кои се членки и на НАТО, усвоија Заедничка изјава во која ја поддржуваат Украина да добие статус на кандидат за членство во Европската унија.
Во Изјавата се наведува дека на следниот Самит на ЕУ е неопходно да се донесат политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат за мир, стабилност и просперитет.
Абазовиќ посочи дека Црна Гора ќе продолжи да и помага на Украина, нагласувајќи дека Црна Гора како лидер во европските интеграции ја поддржува решеноста на Украина да ја гледа својата иднина во истата насока.
„Денеска заедно со Еди Рама и Дмитар Ковачевски усвоивме Заедничка изјава со која ја поддржуваме Украина да добие статус на кандидат за ЕУ. Во соопштението се наведува дека следниот Самит на ЕУ треба да донесе политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат кон мир, стабилност и просперитет“, напиша Абазовиќ на Фејсбук.
– Денеска имавме многу успешен ден во Киев, особено средбата со претседателот на Украина, а потоа и со премиерот и градоначалникот на Киев Кличко. Можам да кажам дека нашата работа и должност ја завршивме на најдобар можен начин. Дојдовме овде да го кажеме ставот на Црна Гора, тоа им значи многу, многу повеќе отколку што мислиме, без разлика што нашите капацитети не се преголеми, изјави Абазовиќ за новинарите во Киев.
Тој посочи и дека пристапот на Црна Гора, Албанија и Северна Македонија е нешто ново.
– Целосно се солидаризиравме со нив, покажавме дека немаме никаква доза на политичка себичност во однос на прашањето за нивната кандидатура за членство во ЕУ, секако навиваме за нив. Сметаме дека тие ги бранат вредностите на ЕУ и мислиме дека тие ја бранат Европа од она што може да биде негативен пробив и дека тоа е нешто што е корисно и за нив и за нас и за членките на ЕУ. Мислам дека таа порака беше јасно пренесена, рече премиерот на Црна Гора.
Ново на Сител
-

Светски мегдан за македонската кикбокс сениорска репрезентација
-

Кој стои зад обидите да се изигра спортската јавност? Кикбокс Маитаи федерацијата со жесток одговор
-

Астрономски цени на недвижности во Србија - 10.000 евра за квадрат во „Белград на вода“, гаражно место 66.000 евра
-

Изминатите четири дена приведени седум лица за безобзирно управување на возило, 2415 сообраќајни прекршоци
-

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната
-

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка
-

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
