Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина
– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто објавено на ЈуТјуб каналот на „Пирс Морган нецензурирано“ (Piers Morgan Uncensored) изјави дека САД заработиле милијарди долари од војната во Украина, благодарение на големите договори за вооружување.
Тој додаде дека американските компании оствариле големи приходи дури и преку лиценцирање, поради големата побарувачка на оружје и опрема.
– Американските компании заработија милиони дури и на лиценците, бидејќи немаат канцеларии во Европа. Значи тоа се милијарди приходи, наведе Зеленски.
Тој, исто така изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување на тригодишната војна.
Зеленски, на прашање на британскиот водител Пирс Морган за можноста за преговори со Путин, одговори дека тоа би го направил „ако тоа би бил единствена опција која може да донесе мир на граѓаните на Украина“.
– Во тој случај ќе прифатиме состанок на четири учесници, наведе Зеленски, без да прецизира кои би биле другите учесници, но Морган ја спомна можноста за преговори помеѓу Украина, Русија, САД и Европска Унија.
Путин кон крајот на јануари изјави дека е отворен за преговори за крај на војната во Украина, но отфрли директни разговори со Зеленски, бидејќи не гледа „волја“ кај Киев.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа