Зеленски: Руските сили подготвуваат голема офанзива во Донбас
Украинските сили се подготвуваат за нови напади во источниот дел на земјата, каде Русите го зајакнуваат военото присуство, откако претрпеа неуспеси во близина на Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој во неговото синоќешно видео обраќање се осврна и на движењата на руските трупи од Киев и од Чернихив, тврдејќи дека тоа не е повлекување, туку „последица на сработеното од нашите бранители”.
Зеленски истакна дека е забележана акумулација на руски сили, насочени кон нови напади врз Донбас.
Русија неодамна најави дека „радикално ќе ја намали” својата „воена акција во правец на Киев и на Чернихив” и дека ќе се фокусира само на Донбас.
Зеленски информираше и дека мировните преговори меѓу Украина и Русија продолжуваат, „но, засега, има само зборови, ништо конкретно.
Ново на Сител
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија