Зеленски: Руската агресија нема да запре во Украина, на мета е цела Европа
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека мета на руската агресија е цела Европа и дека запирањето на инвазијата врз Украина е од суштинско значење за безбедноста на сите демократии.
Тој во своето обраќање истакна дека Русија нема намера агресијата да ја ограничи само на Украина, туку „целиот европски проект е мета на Русија“.
– Затоа не е само морална обврска на сите демократии, на сите сили на Европа, да ја поддржат желбата на Украина за мир. Ова е всушност одбранбена стратегија за секоја цивилизирана земја, нагласи Зеленски во обраќањето до јавноста откако Украинците продолжија да бегаат од источните делови на земјата.
Тој уште еднаш повика на ембарго на рускиот гас и нафта, што ги нарече извори на руската „самодоверба и неказнивост“.
– Слободата нема време за чекање. Кога тиранијата ќе започне агресија против сè што го штити мирот во Европа, тогаш мора итно да се преземат акции, порача претседателот на Украина.
Ново на Сител
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри