Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дронови и 37 ракети
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Русија ноќеска употребила 300 дронови и 37 ракети за напади врз енергетската инфраструктура на Украина.
„Оваа есен Русите секојдневно ја гаѓаат нашата енергетска инфраструктура“, истакна Зеленски на X.
Украинската приватна енергетска компанија DTEK претходно соопшти дека по руските напади биле запрени неколку постројки за производство на гас во Полтавската област.
Извори од индустријата за Reuters изјавиле дека руските напади предизвикале „значителна“ штета во украинскиот гасен сектор. Извршниот директор на украинскиот Нафтогас нагласи дека нападите го запреле работата на неколку клучни постројки и дека тоа директно влијае на домашното производство на гас, па Киев ќе мора да ги надомести загубите со увоз.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување