Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одолговлекува процесот за постигнување мировен договор, пренесе ДПА.
„За жал, светот не слушна суштински одговор од Русија на предлогот [за прекин на огнот] веќе цел ден“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Претходно, тој изјави дека бил „детално“ информиран од украинската преговарачка делегација која се вратила од дискусиите со претставници на САД во Саудиска Арабија. „Ова уште еднаш го потврдува фактот дека токму Русија настојува да ја продолжи војната и се обидува максимално да го одложи доаѓањето на мирот“, рече тој.
Зеленски изрази надеж дека притисокот од САД ќе биде доволен за да ја натера Русија да ја прекине војната.
За време на преговорите со американската делегација во пристанишниот град Џеда, Киев се согласи на 30-дневен прекин на огнот.
Претставниците на Москва досега изразија скептицизам во однос на овој предлог.
Специјалниот пратеник на САД, Стивен Виткоф, денеска пристигна во Русија за разговори по ова прашање.
Ново на Сител
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце