Зеленски: Путин се плаши од мировни преговори
Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од преговори за ставање крај на војната во Украина, изјави ноќеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Денеска Путин уште еднаш потврди дека се плаши од преговори, дека се плаши од силни лидери и дека прави се за да ја продолжи војната“, напиша Зеленски на платформата Х, откако рускиот претседател ги исклучи како можност директните разговори со неговиот украински колега.
Путин претходно денеска изјави дека конфликтот во Украина ќе заврши во рок од „два месеци или помалку“ без воената помош од западните сојузници за неа.
Украина во моментов стравува од драстично намалување на американската помош со враќањето на Доналд Трамп на власт.
Today, Putin once again confirmed that he is afraid of negotiations, afraid of strong leaders, and does everything possible to prolong the war.
Every move he makes and all his cynical tricks are aimed at making the war endless. In 2014, Russia started a hybrid war against…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 28, 2025„Тие (Украинците) не можат да преживеат, нема да издржат ниту еден месец ако останат без пари и, воопшто, муниција.
Сè би било готово за месец и половина или два“, рече Путин во интервју за Руската државна телевизија.
Рускиот претседател додаде дека се можни преговори за ставање крај на конфликтот во Украина, но ги отфрли директните разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого го смета за „нелегитимен“.
Руската инвазија на Украина започна на 24 февруари 2022 година.
Ново на Сител
-
Маж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје
-
Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија
-
Светските лидери го поздравија договорот меѓу Хамас и Израел
-
Од почетокот на годинава 18.458 санкционирани возачи за возење без возачка дозвола
-
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана
-
Семејства на израелските заложници го поздравија договорот за нивно враќање
-
Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа