Зеленски преку видео порака ги повика Украинците да продолжат со отпорот
Украинскиот претседател Володомир Зеленски рано утринава преку видео порака до нацијата даде оптимистичка оценка за војната и ги повика Украинците да продолжат со отпорот, јавија британските медиуми.
-Ние сме нација која една недела ги осуетува плановите на непријателот, рече тој. „Тука нема да имаат мир. Нема да имаат храна. Овде нема да имаат мир, рече Зеленски.
Тој не коментираше дали руските сили зазеле неколку градови, вклучувајќи го и Херсон.
-Доколку отишле некаде, тоа е само привремено. Ќе ги потиснеме, рече Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека борбите влијаеле врз духот на руските војници кои „одат во продавници за храна и се обидуваат да најдат нешто за јадење”.
-Тоа не се борци на велесила. Тоа се збунети деца кои се искористени, рече Зеленски.
Според него, бројот на убиени на руска страна веќе достигна 9.000.
-Украина не сака да биде покриена со тела на војници, изјави украинскиот претседател во утринската видео порака.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи