Зеленски пред ПССЕ побара демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нуклеарниот регулатор на ОН треба да ја притисне Русија да дозволи демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје, која со месеци наназад е окупирана од Москва, јавија британските медиуми.
Зеленски денеска преку видео обраќање зборуваше пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), најважното европско тело во областа на заштитата на човековите права.
По обраќањето на украинскиот лидер парламентарците од ПССЕ му поставуваа прашања, а Зеленски во своите одговори, меѓу другото, кажа дека Украина моментално располага со само околу 10 отсто од потребниот капацитет за воздушна одбрана.
Во својот говор пред ПССЕ, Зеленски ја отфрли опцијата за дипломатски контакти со Русија и додаде дека не е можно да се водат дипломатски преговори со лидери кои не го почитуваат меѓународното право.
Ново на Сител
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
