Зеленски: Постои можност за средба во четири очи во Турција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција и дека тоа „не е лошо“.
„Претстои нова рунда преговори, затоа што ние се стремиме кон мир, навистина, без одлагање. Како што ме информираа, постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција. Тоа не е лошо. Да го видиме резултатот“, рече тој во видео порака, објавена рано утринава од претседателската канцеларија.
„Нашите приоритети во преговорите се познати. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина се несомнени“, рече тој.
Зеленски истакна дека „ефективните безбедносни гаранции“ за Украина се „задолжителни“.
„Нашата цел е очигледна – мир и што поскоро враќање на нормалниот живот во нашата земја“, додаде тој.
Зеленски истакна дека санкциите против Русија, „против агресијата“, се потребни се додека руските трупи се на територијата на Украина, јави агенцијата Анадолија.
Следниот состанок на руско-украинските преговарачки тимови ќе се одржи во Истанбул, како што се договорија во недела претседателите на Турција и Русија.
Ново на Сител
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино