Зеленски не исклучува можност за оддржување референдум за Донбас и за Крим
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека не ја исклучува можноста за одржување референдум за идниот статус на воено разурнатиот исток од Украина и за полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014 година.
Зеленски не објасни како и кога може да се одржи референдумот, но кажа дека тоа е една од опциите за заживување на закочениот мировен процес во источна Украина и завршување на конфликтот со соседна Русија.
Украина во последниве недели се обиде да обезбеди поддршка од западните сојузници, обвинувајќи ја Русија дека собира илјадници војници во близина на нејзините граници додека се подготвува за можна голема воена офанзива во јануари.
Односите меѓу Киев и Москва се во прекин откако Русија го анектираше полуостровот Крим во 2014 година, а силите поддржани од Москва ја окупираа источната украинска област Донбас, која Киев сака да ја поврати. Киев соопштува дека околу 14.000 лица оттогаш веќе ги загубиле животите во борбите.
-Не исклучувам референдум за Донбас, генерално. Тоа може да биде за Донбас, може да биде за Крим, може да биде за крајот на војната, генерално.Па може да се случи некој, оваа или онаа држава, да ни понуди одредени услови, изјави Зеленски за ТВ станицата „1 + 1“.
Зеленски го поздрави потегот на американскиот претседател Џо Бајден „лично“ да се вклучи во завршувањето на војната во источна Украина. Тој, исто така, кажа дека Бајден ги пренел руските гаранции дека Москва нема да предизвика ескалација.
Зеленски, исто така, за телевизијата кажа и дека не исклучува и директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана