Живот
29. March 2025 - 13:06

Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години

Археолозите во Египет открија голема варовничка гробница на досега неидентификуван египетски фараон што датира од пред околу 3.600 години. Тоа време, се вели, одбележа еден хаотичен период во египетската историја.

Домашни египетолози, во соработка со Музејот на Универзитетот на Пенсилванија во САД објавија дека гробницата се наоѓала седум метри под земја, во древната некропола на планината Анубис.

Камената гробница е откриена во јануари, во близина на египетскиот град Абидос - важен град и престолнина во Древен Египет, на околу 10 километри од реката Нил. Ова е втора откритина гробница на египетски владетел оваа година. Таа била празна, што значи дека одамна била ограбена од ограбувачи.

Покрај украсениот влез, погребната просторија содржела низа други соби со сводови високи пет метри и од глинени тули.

Гробницата датира од времето познато како Втор меѓупериод, којшто траел од 1640 година п.н.е. до 1540 г. п.н.е., односно преминот меѓу Средното и Новото кралство, кога египетските фараони беа меѓу најмоќните фигури во регионот.

-Името на кралот кој некогаш бил закопан внатре првично било запишано во хиероглифски натписи на тула на влезот во гробниот простор, заедно со насликани сцени што ги прикажуваат сестрите-божици Изида и Нефтис, посочи проф. Јозеф Вегнер, еден од водителите на ископувањата.

-Неговото име (на кралот, з.п.) било на натписите, но не преживеало од ограбувачите на древните гробници. Можни имиња се Сенаиб и Паентјени, кои ги знаеме од спомениците во Абидос - и владееле во тоа време, но нивните гробници не се пронајдени... Политичката историја на таа ера е фасцинантна и не е целосно разбрана, тоа е еден вид период на „завојувани држави“, којшто на крајот го изроди Новото Кралство на Египет, појасни Вегнер.

Династијата Абидос ја сочинувале низа фараони кои владееле со дел од Горен Египет, односно јужниот дел од египетската цивилизација. Египет тогаш бил разделен на четири сопернички кралства. Владението на Абидос била една од нив.

-Како се распаднал и потоа повторно се обединил Египет - повлекува важни прашања за општествените, политичките и технолошките промени. Гробницата на неидентификуваниот крал била изградена во рамките на поголем комплекс на гробници на поранешниот моќен фараон Неферхотеп Први. Нејзината архитектура покажува врски со поранешните кралски гробници од Средното Кралство и подоцнежниот Втор среден период, додаде Вегнер.

Ископувањата продолжуваат.

Вториот меѓупериод почнал речиси цело илјадолетие по изградбата на високите пирамиди во Гиза кај Каиро, во коишто се погребани одредени фараони од Старото кралство. Многу фараони од Новото кралство биле погребани во Долината на владеетелите кај Луксор, вклучувајќи го Тутанкамон, чија гробница од 14 век пред нашата ера била откриена во 1922 година.