-->
-->
Зеленски: На Украина и се потребни 160 борбени авиони
-->

На Украина и се потребни околу 100 борбени авиони повеќе од ветеното досега, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА, која се повика на неговото интервју за португалската национална телевизија.
„За ефективни воздушни сили ни требаат вкупно околу 160 борбени авиони“, рече Зеленски.
„Во пракса, тоа нема да и дозволи на Русија да има супериорност во украинскиот воздушен простор“, додаде тој.
Зеленски рече дека Украина добила ветувања за 50 или 60 борбени авиони Ф-16 од американско производство од различни европски земји.
Претходно, портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат изјави дека на земјата и се потребни околу 128 борбени авиони Ф-16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
-

Преглед на вестите од светот
