Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе разговара за територијалните прашања, клучното прашање што го блокира мировниот процес, со неговиот американски колега Доналд Трамп во Флорида оваа недела. Ова доаѓа во време кога 20-точкиниот мировен предлог и договорот за безбедносни гаранции се ближат кон завршница.
При објавувањето на напредокот, Зеленски изјави дека „многу прашања можат да бидат решени пред крајот на годината“, додека Вашингтон продолжува да ги насочува своите напори кон запирање на руската инвазија на Украина, најкрвавиот конфликт во Европа од крајот на Втората светска војна.
„Во врска со деликатните теми: ќе разговараме и за Донбас и за нуклеарната централа Запорожје. Секако, ќе ги дискутираме и останатите прашања“, им соопшти тој на новинарите преку ВатсАп.
Русија бара Украина да се повлече од делови од источниот регион Доњецк, кои нејзините сили не успеаја да ги заземат во текот на речиси четиригодишната војна.
Москва настојува да воспостави целосна контрола над регионот Донбас, кој ги опфаќа областите Доњецк и Луганск. Од друга страна, Киев сака прекин на борбите за да се замрзне актуелната ситуација на фронтот.
Соединетите Американски Држави, во обид да постигнат компромисно решение, предложија основање на слободна економска зона на територијата што Украина би ја отстапила.
Сепак, останува неизвесно како таквата зона би функционирала во пракса. Зеленски истакна дека секој договор поврзан со територијата мора да биде одобрен од украинскиот народ на евентуален референдум.
Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, се наоѓа во зоната на конфликт и е под контрола на руските сили.
Зеленски додаде дека целта на неговата средба со Трамп е да се „усогласат“ предлозите и да се разговара за можности за договори поврзани со украинската економија.
Тој не прецизираше дали на неговата посета ќе биде потпишан некаков договор, но нагласи дека Украина е отворена за таква можност.
Договорот за безбедносни гаранции меѓу Украина и САД е „при крај“, а 90% од нацртот на 20-точкиниот план е завршен, додаде украинскиот претседател.
Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател Владимир Путин, оствари комуникација со администрацијата на Трамп откако Москва доби американски предлози за можен мировен договор, соопшти денеска Кремљ.
Рускиот весник „Комерсант“ објави дека Путин им навестил на некои истакнати руски бизнисмени дека можеби е подготвен да размени дел од териториите кои се под контрола на руските сили во други делови на Украина, но бара за возврат целосен Донбас.
МИА
Ново на Сител
-

Историски чекор за Иџе: Прв возач од Балканот со прототип „Норма“, само 12 вакви болиди во светот
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камиот без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
-

Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
