Зеленски го обвини Путин за смртта на Навални

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, Зеленски изјави дека е „очигледно“ дека Путин „го убил Навални“.
Зеленски рече дека на Путин „не му е грижа кој ќе умре“ и дека на рускиот претседател му е важно само да остане на власт, пренесува германски „Велт“.
Тој наведе дека Путин „треба да изгуби сè“ и „да одговара за злосторствата“.
Навални почина денеска во затворска колонија во автономниот округ Јамало-Ненецки на 48-годишна возраст.
Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецки соопшти дека по прошетката, Навални се чувствувал лошо и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а причината за смртта се утврдува.
Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.
Ново на Сител
-

Жолто ниво на предупредување од поплави, постои потенцијална опасност од излевање на реките
-

РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување
-

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот
-

Црногорската полиција разби мрежа на проруски платеници, уапсен државјанин на БиХ со 1,5 милион евра
-

Парното греење поскапува 1 декември, сметките повисоки за околу 130 денари
-

УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации
-

Мицкоски: Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата
-

Три лица приведени поради закани кон кавадарчанец и член на неговото семејство
